ГИ ПОМИНАВМЕ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ Македонските кошаркари триумфираа против Норвешка со 79:41

Со петтиот триумф во шестиот натпревар во претквалификациите, македонскиот состав заврши на првото место во групата Д пред главниот конкурент Словачка, која претходно денеска во драматичен натпревар извојува гостинска победа (72-71) над Данска.

209
Македонската машка кошаркарска репрезентација ја совлада вечерва Норвешка во Осло со убедливи 79: 41 и обезбеди пласман во главната фаза од квалификациите за место на Европското првенство (ЕП) во 2025 година.





Со петтиот триумф во шестиот натпревар во претквалификациите,  македонскиот  состав заврши на првото место во групата Д пред главниот конкурент Словачка, која претходно денеска во драматичен натпревар извојува гостинска победа (72-71) над Данска.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Ти Џеј Шортс со 25 поени.
Поврзани содржини