КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ХОТЕЛ „ФЛАМИНГО“ КАЗИНО-ГЕВГЕЛИЈА Собрани се 79 крвни единици, зашто секоја капка крв е важна
Групацијата Новоматик ја манифестираше својата општествена одговорност и во екот на ковид-19 пандемијата. Токму Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија со одлука на менаџментот беше отстапен на здравствените власти за карантин.
Во просториите на Хотел „Фламинго“ казино – Гевгелија се одржа третата по ред крводарителска акција и со гордост може да констатираме дека оваа наша хуманитарна активност прераснува во благородна традиција која е широко прифатена од заедницата, велат од раководството на хотелот.
Својата хуманост на дело ја покажаа вработените во Хотел „Фламинго“ казино, како и останати граѓани крводарители, при што беа собрани вкупно 79 крвни единици.
– Со оваа хумана акција уште еднаш покажуваме дека сме компанија која што е општествено одговорна и секогаш се обидуваме да вратиме кон заедницата во која деловно опстојуваме. Се надеваме со нашиот скромен придонес ќе помогнеме некому кому му е тоа најпотребно – рече Елена Минева од Хотел „Фламинго“ казино Гевгелија.
Вчерашната крводарителска акција, како и во претходните години, е организирана и реализирана во соработка со Црвениот крст Гевгелија.
Првата крводарителска акција Хотел „Фламинго“ казино-Гевгелија се одржа во ноември 2020 година како продолжение на серијата хуманитарно – донаторски активности кои Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија ги реализираше во тој период.
Групацијата Новоматик ја манифестираше својата општествена одговорност и во екот на ковид-19 пандемијата. Токму Хотел „Фламинго“ казино – Гевгелија со одлука на менаџментот беше отстапен на здравствените власти за карантин.
Продолжуваме и понатаму посветено преку различни хуманитарни, донаторски активности и покровителски акции да градиме партнерство со заедницата и да придонесуваме во општествениот развој.