„ЃУБРЕ Е ЃУБРЕ“ Ана Бекута жестоко му одговори на градоначалникот на Пула (ФОТО)
Градоначалникот на Пула Филип Зоричиќ го забрани концертот на кој на 25 март требаше да настапат српските пејачи Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.
Градоначалникот на Пула Филип Зоричиќ го забрани концертот на кој на 25 март требаше да настапат српските пејачи Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.
По овој повод се огласи Ана Бекута и ги искоментира спротивставените коментари на градоначалникот, со оглед на тоа што Зоричиќ, според организаторот на концертот Марио Циндори, наводно српските пејачи ги нарекол „српско ѓубре“.
„Во последните 40 години најмалку десет пати летував во Истра. Затоа што како што велат моите пријатели, имам вкус. За мене Истра е еден од најубавите региони на нашата поранешна држава. Храната е фантастична, пејзажот е прекрасен, сите мои домаќини беа неверојатни и ме третираа како кралица. Така, забележав, се однесуваат кон секој свој гостин. Од каде и да дојде“, започна Бекута на Инстаграм, а патем го најави концертот во Осиек:
View this post on Instagram
„Затоа знам дека одлуката на градоначалникот на Пула нема никаква врска со начинот на размислување на жителите на Пула и Истра. Поминав доволно време во Пула и Истра за да ги запознаам. Отпадокот, или како што велат ѓубрето, нема нација. Ѓубрето не може да биде српско или хрватско. Ѓубрето е едноставно отпадок и ѓубре. Гледам дека го имаме во еднакви количини и во Србија и во Хрватска. Ако ми дозволат актерите на денешните вести да им дадам еден совет од животот: Кога не ви се допаѓа програмата, префрлете ја. Кога не ви се допаѓа кафулето, сменете го. Ако не ви се допаѓа концертот, не купувајте билет. Многу е едноставно. Живејте и оставете ги другите да живеат. Пејте и дозволете да пеат. Се гледаме во Осиек“.
ФОТО: Инстаграм