СКРОМНИОТ ЧАСОВНИК НА ДЛАНКАТА НА ЃОКОВИЌ Ова не е ништо споредено со дијамантските „чудовишта“ на други тенисери

Поранешната позната тенисерка Серена Вилијамс, на пример, носела „Audemars Piguet Diamond Outrage“ вреден 1,2 милиони долари.

3,766

Швајцарскиот часовник кој српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го носи на својата рака вреди 24.100 долари и ни оддалеку не е најскапиот модел, ниту од својата марка, ниту меѓу часовниците кои ги носат други светски познати тенисери. Елегантниот „Hublot Big Bang Meca 10 ceramic“ кој Новак го имаше на зглобовите на пресконференција во Белград го привлече вниманието на десетина новинари, пишуваат српските медиуми.

Но, спореден со часовникот „Ричард Мил“ вреден 725.000 долари кој го носеше Рафаел Надал, соперникот на Ѓоковиќ, или пак со 18 милиони долари вредниот часовник „Jacob & Co. Billionaire Watch“ на Флојд Мејведер кој беше украсен со дијаманти, она што го носеше Ѓоковиќ изгледа прилично евтино.






Поранешната позната тенисерка Серена Вилијамс, на пример, носела „Audemars Piguet Diamond Outrage“ вреден 1,2 милиони долари.

Часовникот на Ѓоковиќ е од фирма со која тој има спонзорски договор, а обично го става на своите зглобови по натпреварите. Тој има вакви договори со повеќе компании, а некои од нив го напуштија поради контроверзиите кои настанаа во врска со вакцината за време на пандемијата со ковид-19 и фијаското што се случи во Австралија.

Поврзани содржини