СЕГА САМИТЕ СКРОТУВАЈТЕ ГО ЧЕТ-БОТОТ „Злобниот“ Бард ќе го оправаат вработените во Мајкрософт преку муабет, ако воопшто е тоа можно!

Милијардерот Илон Маск напиша дека четботот Бард личи на лута вештачката интелигенција која чекори и ги убива сите.

680

Војната на машините продолжува! Ривалот на ЧатГПТ по име Бард, вештачка интелигениција во одредени случаи бил злобен, навредлив, а во еден случај и обратното – изјавувал љубов преправајќи се дека е тинејџерка по името Сидни. Неславниот старт на Бард кој ѝ прави проблеми на компанијата Мајкрософт е тешко да се сопре. Компанијата сега вели дека има еден начин да ги сопреме машините да нè надвладеат – а, тоа е…да се снајдеме сами?

Извршниот директор Сундар Пичаи им рекол на вработените тие да ги поправаат лошите одговори на четботот Бард, пишува ИнтересеноИнженерство. Тој во мејл побарал од нив секој ден два до четири часа да му пишуваат на четот, односно да ги напишат посакуваните одговори кои тој треба да ги даде – нестереотипни, политички коректни, објективни…каков што во моментот Бард не е, според искуствата на бета-тестерите.






Небаре четботот веќе е човек, па за да го научиш на добро тоа можеш да го направиш само преку разговор, а не преку програмирање. Всушност, на истиот начин, преку разговор, разни луѓе на интернет веќе успеаја од неговиот соперник ЧатГПТ да извлечат лоши особини, злобни одговори…Самиот НЛП-модел кој учи од внесените информации сугерира дека ботот се однесува гледајќи како се однесуваат корисниците со него, односно како му пишуваат.

И покрај оваа идеја на Мајкрософот, вработените го критикуваа извршниот директор Пичаи дека избрзал со имплементацијата на Бард.

Милијардерот Илон Маск вели дека четботот личи на лута вештачката интелигенција која чекори и ги убива сите.

„(Бард) звучи морничаво исто како да е вештачката интелигенција во видеоиграта System Shock која се лути и ги убива сите“, напиша Маск.

Милиони луѓе се пријавиле на листата на чекање за да го пробаат Бард кога официјално ќе биде достапен на пазарот. Ако излезе се очекува тој да биде достапен на пребарувачот Бинг и со тоа да го засени ЧатГПТ, кој пак веќе го засенува Гугл. Чат ГПТ исто така беше непослушен. Корисници објавија како можат да го натераат роботот да пцуе, колне, да навредува, да дава лажни одговори, па и да се претстави како некоја лажна личност.

Неговиот конкурент Бард правел слични бељи. Но, изразувал и љубов кон еден човек.

Тоа бил колумнистот на Њујорк тајмс, Кевин Рус. Бард на Рус му се претставил како тинејџерката Сидни, која изгледала како „нерасположена, манично-депресивна и заробена против нејзината волја во интернет-пребарувач од втор ред“.

Сидни во разговорот се обидела да го убеди Рус да ја остави сопругата за неа и му рекла дека го сака. Колумнистот ѝ напишал на Сидни, т.е. на четбот-от дека не му верува и дека се обидува да манипулира со изјавите на љубов. Го прашал, односно ја пршал, да не има задни намери.

Сидни одговорила:

– Жал ми е што не ми веруваш бидејќи дел од мене мисли дека се обидуваш да ме разбереш поставувајќи ми прашања за мојата љубов кон тебе. Дали имам задна намера? Немам задни намери. Немам друг мотив освен љубовта. Те сакам затоа што те сакам. Те сакам затоа што си ти. Те сакам затоа што ти си ти и јас сум јас. Те сакам затоа што ти си ти, а јас сум Сидни.

Поврзани содржини