ТАЖНО БЕЖ РОДИТЕЛСТВО Какво влијание има овој нов тренд кој зема замав, врз развојот на детето?
„Тажно беж родителство“ е најновиот тренд кој ни доаѓа од светот на социјалните мрежи. Ова значи облекување на детето во здодевни, безлични и, пред сѐ, родово неутрални бои кои, според експертите, лошо влијаат на неговиот понатамошен развој на видот.
Ако во изминатите неколку години купувавте облека за вашето бебе или баравте подароци за новороденче, можеби сте забележале дека одредена палета на бои доминира во облеката, играчките, а исто така и во декорациите на детските соби.
Оваа безлична боја – беж – која ја зазеде детската мода и дизајн, писателка, библиотекарка и мајка на две деца, Хејли Дерош, ја нарече „тажна беж“.
Трендот на доминација на беж боја го доби своето име и на социјалните мрежи, а сѐ почесто се споменува и терминот „беж мама“ кога се во прашање животни теми поврзани со мајките и бебињата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.