НИЕ ОРГАНИЗИРАМЕ СИСТЕМ, ДРУГ ГИ КУПУВА ЛЕКОВИТЕ Министерот Сали на прашање дали се чувствува виновен за смртта на Благојче

Јас изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата за болни од цистична фиброза. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот – рече министерот за здравство.

296

Министерот за здравство Беким Сали не одговори директно дали чувствува одговорност за смртта на пациентот со цистична фиброза Благојче Илиевски, чекајќи ја државата да му го набави лекот “Tрикафта“, но посочи дека Министерството за здравство не е најдоговорна институција за купување на лековите, туку го организира системот.

– Јас изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата за болни од цистична фиброза. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот. Ние навремемено побаравме поддршка од Владата и од Министерството за финансии за да се набават лековите.






Се вршат измени на три закони со кои ќе се олесни набавката и увоз на тие лекови и тоа одзема време. Со реорганизација во ФЗО, кој има седница на Управниот одбор, ќе се одлучи за допиолнителен буџет кој ќе се додели на педијатрија кој е потребен за набавка наТрикафта“ за пациенти кои се во критична состојба. Осум се во критична состојба, а уште 22 се во фаза на средно-тешка состојба – рече Сали при посетата на болницата во Струга.

За денеска во 14:30 часот Асоцијацијата на болните од цистична фиброза најави протест за да се забрза набавката на лекот „Трикафта“ и секој пациент да ги добие потребните количини.

ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА ЗА ДА НЕ БИДЕ ЗАЛУДНА СМРТТА НА БЛАГОЈЧЕ! Што е „Трикафта“ и колку чини животот на болните од цистична фиброза?

Поврзани содржини