НЕМА ВИЕ НАМ АМНЕСТИЈА, НИЕ ВАМ УСТАВНИ ИЗМЕНИ Мицевски тврди дека законот за амнестија на уставобранителите не е за пазарење

1,235

Нема пазар со уставобранителите и осудените за 27 април. Нема вие нам амнестија, ние вам уставни измени. Таков пазар нема да има, а и засегнатите тоа не го сакаат, потврди денеска Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за ТВ21

Според него, уставобранителите не сакаат да ги третираат како терористи. Идејата е со новиот закон за амнестија да се исправи огромната грешка со Законот за амнестија од 2018 и со селективната правда.






Мицевски потенцираше дека уставобранителите биле уценувани да кажат дека имаат направено нешто за да добијат помали казни, не го сториле тоа и не бараат милост туку правда.

– Затоа ние како пратеничка група по инцијативата на двајцата адвокати ги повикавме на средба им укажавме на забелешките, се сложија и таа иницијатива е поднесена во Собрание на  3 февруари. Првата седница е на 13 февруари, очекуваме дека нема да имаме пречка или некој технички злоупотреби на процесот од страна на Џафери и истото ќе се најде на дневен ред – рече Мицески.

Тој додаде дека тоа што е важно е дека се опфатени сите осудени лица и со ова законско решение ќе исправи селективната правда.

Пред Врховниот суд има барање за вонреден правен лек и ова ќе значи забрзување на процесот за конечно овие луѓе да си ја најдат правдата и да не бидат селективно осудени, нагласи Мицевски.

Поврзани содржини