МАКЕДОНКА ВО ДАНСКА СЕ СОМНЕВА ВО СРЕЌАТА НА ДАНЦИТЕ Имаат совршен систем, но нема семејни вредности, а под знак прашање е и дали се среќни

Според Македонката Вера Котевска која живее во Данска околу 30 години, државниот дански систем е така изграден, што не му остава на народот простор за грижи, но од друга страна, вели, сите оние истражувања кои покажуваат дека Данците се едни од најсреќните народи, треба да се анализираат за да се дознае како се прават. Имено, Данците, тврди таа, се меѓу најдепресивните и најосамените луѓе.

3,886

Вера Котевска е по потекло од Преспа, исто како и нејзиниот сопруг, со тоа што сопругот и неговите родители живееле во Данска уште од почетокот на 70-тите години на минатиот век.  Вера се запознала со сопругот во родниот град, а откако се земале, вели, амбициите ги однеле во Скопје каде што им се родени и двајцата синови, Кирил и Горан.

„Данска не ни беше непозната дестинација нам, ниту на децата затоа што родителите на сопругот живеат таму уште од 70-тите години па ние и семејно честопати ја посетувавме како дестинација за одмор уште пред нашето конечно преселување во Копенхаген во раните 90-ти. Дотогаш живеевме во Скопје, но немирните времиња во поранешната заедничка држава придонесоа да донесеме одлука за конечна преселба во Данска токму во тој период иако нашиот семеен живот во Македонија беше сосема солиден и убав“, раскажува госпоѓа Вера.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини