АМЕРИКАНСКИOT „ВАГНЕР“ ОБВИНЕТ ЗА КОРУПЦИЈА И СИЛУВАЊЕ „Моцарт“ требаше да обучува Украинци, а заврши со голем скандал

Во тужбата на поранешниот главен финансиер на групаа има список од 26 обвиненија за десетина лица. „Моцарт“ е опишана како една „крајно хаотична, корумпирана, криминална организација“.

877

Американска група воени специјалци, пандан на озлогласената руска формација „Вагнер“, се појавила во Украина уште во март минатата година под името „Моцарт“. Нивниот основач, поранешниот маринец Енди Милбурн сега се соочува со обвинение за сексуално злоставување, закани кон луѓе и корупција од својот вработен финансиер кој си отишол од организацијата, открива Њујорк Тајмс.

Иако „Моцарт“ не учествувале во директен судир со Русите, нивната задача била да обучуваат Украинци. Дали го сториле тоа или нешто друго?






– Зошто тренираме момци? Не само за да се бранат, туку да се убие непријателот. Сè што правиме е точно во рамките на параметрите на политиката на НАТО. Западот ѝ дава на Украина смртоносно оружје што ги убива Русите… Кога тренираме војници, тоа е нивната цел. Затоа ги учиме како да ракуваат со оружјето – изјавил шефот Милбурн во тв-интервју.

26 обвиненија и куче кое моча насекаде

Во тужбата на поранешниот главен финансиер на групаа има список од 26 обвиненија за десетина лица. „Моцарт“ е опишана како една „крајно хаотична, корумпирана, криминална организација“. Финансиерот го обвинува својот шеф дека одржувал многубројни доцни вечерни забави и дека се „заканувал и малтретирал сопственик на приватен бизнис кој доброволно се пријавил даму отстапи нов реновиран стан за групацијата Моцарт“. Тој наводно чувал и куче скитник кое слободно уринирало насекаде.

Украинката која добро заработила

Милбурн, исто така, „ еднострано“ вработил Украинка што ја запознал на апликација за запознавање „ и со која имал претходна лична врска“ како негов личен асистент, плаќајќи ѝ годишна плата од 90.000 долари, „што е најмалку четири пати повеќе од вообичаената стапка на компензација за вработен во Украина за таква позиција“.

Наводно, Милбурн ѝ давал „ несакани сексуални унапредувања и предлози на жената-менаџер на канцеларијата“  и кога тие биле одбиени, тој ја нарекол лажливка, надевајќи се дека таа ќе молчи за тоа што ѝ се случило.

Донациите за „Моцарт“ оделе на друга сметка

Финансиерот понатаму обвинува дека неговиот шеф Милбурн проневерил донации и се збогатил преку голем број измами. На пример, се вели дека тајно се мешал со врски за донации на веб-страницата на „Моцарт“, па парите наменети за организацијата всушност биле пренасочени во друга компанија што тој ја основал.

Уште еден деловен субјект со речиси идентично име „Групација Моцарт“, исто така, очигледно е основан „за да ги збуни донаторите и да продолжи да го олеснува пренасочувањето на средствата“. Можеби одредени донатори знаеле дека нивните пари ќе бидат потрошени на многу сомнителни, ако не и отворени криминални активности.

„Лудиот Американец“ да престане да ја спасува нашата земја

Финансиерот тврди дека добил „ многубројни заканувачки текстови“ од неговиот шеф Милбурн кога ја напуштил компанијата, вклучително и „дека ќе им каже на медиумите за непостоечки компромитирачки информации“, доколку излезе во јавноста сè она што го знаел неговиот вработен.

Неколку украински офицери го нарекоа шефот на „Моцарт“, „лудиот Американец“ и му посакаа „да си оди дома и да престане да ја спасува нашите земја”.

Украина е напнато општество управувано од потресени луѓе?

Обвиненија изразил и самиот шеф Милбурн, „лудиот Американец“. Тој за својот вработен финансиер вели дека во еден момент се обидел да им го продаде „Моцарт“ на талибанците. Во еден декемвриски подкаст, пак, шефот за Украина изјавил дека тоа е„корумпирано, напнато општество управувано од многу луѓе кои се потресени“.

Подоцна, неговиот финасиер изјави дека Милбурн бил „значително опиен (за време на интервјуто) и давал неосновани обвинувања и погрдни коментари против владата на Украина и украинската војска“.

Во меѓувреме, на Твитер почна да се пресподелува постот на шефот Енди Милбурн во кој тој вели дека групата „Моцарт“ се растурила денес. Името и ентитетот станаа предмет на наддавање и нè оттргнаа од нашата главна мисија – тренирање на украинските војници и спасување цивили. Но, мисијата и луѓето ќе продолжат со борбата“.

Поврзани содржини