„СТАЛИНГРАД Е ОДМОР ЗА ОВА“ Пригожин случувањата во Соледар ги спореди со една од најкрвавите битки (ВИДЕО)

Во новото видео шефот на групата Вагнер може да се слушне како ги предупредува регрутите за бруталната природа на борбите во Соледар.

525

Евгениј Пригожин, шефот на „Вагнер“, во последните неколку недели е сè поистакната личност во руската и светската јавност.

Во новото видео, тој, наводно, може да се слушне како ги предупредува регрутите за бруталната природа на борбите во Соледар.






Така на снимката се слуша дека „Сталинград е одмор“ во споредба со Соледар.

Се разбира, Пригожин мисли на битката за Сталинград, една од најкрвавите битки во Втората светска војна, која се одржа на крајот на 1942 година и почетокот на 1943 година.

На крајот, Германците не успеале да го освојат Сталинград, а нивниот пораз се смета за еден од пресвртните точки во Втората светска војна.

Се проценува дека во битката кај Сталинград загинале околу 2 милиони луѓе.

Шефот на приватните платеници на Вагнер групата се чини дека е во судир со Кремљ, откако ги отфрли ветувањата дека ќе го преземе Бахмут во регионот на Доњецк со своите војници, соопшти Институтот за проучување на војната во своето последно ажурирање.

 

Поврзани содржини