КОЛКУ ПОСИЛНО ТЕ КАСНЕ КУЧЕТО, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ПОЕНИ ЌЕ СОБЕРЕШ! Тетовци и јајцата ги мерат на кантар, па немало да најдат начин да заработат
Општина Тетово објави Правилник за надомест за каснување од кучиња.
Ако ве касне куче скитник во Тетово, треба да го земете правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест.
За каснување се добиваат од 5 до 15 поени, во зависност од тоа колку било силно. Ако ве каснало еднаш или повеќепати, повторно добивате од 5 до 15 поени. Различен број поени се добиваат и за големината на претрпениот страв и за последиците на каснувањето.
Секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок од минимум 30.000 до максимум 100.000 денари.
Вака изгледа тарифникот за собирање поени:
Повеќе детали од Правилникот на следниот ЛИНК.