ЧИЈА БЕШЕ РАКЕТАТА КОЈА ПАДНА ВО ДЊЕПАР? Помошникот на Зеленски даде оставка и се извини за својата изјава
Пријателот ми рече дека е сто отсто сигурен дека чул две експлозии и дека првата ја идентификувал како ракета на противвоздушната одбрана. До сега тој нема погрешено, рече Арестович во интервју на јутјуб, а денеска се извини за изјавата и си даде оставка.
Алексеј Арестович, блискиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава си поднесе оставка откако пред неколку дена тврдеше дека ракетата која паднала врз зградата во градот Дњепар е украинска ракета која, откако соборила руски проектил паднала врз зградата. Тој направи хаос на социјалните мрежи, а утринава се извини за изјавата која тој вели дека, сепак била погрешна.
Што изјави Арестович на 14 јануари?
– Мојот пријател, поранешен офицер на противвоздушната одбрана, одел по улица во моментот кога ракетата паднала. Ми рече дека е сто отсто сигурен дека чул две експлозии и дека првата ја идентификувал како ракета на противвоздушната одбрана. До сега тој нема погрешено. И беше сигурен дека (рускиот) проектил е соборен (од украински) – изјавил тој.
Веднаш по изјавата градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, го опиша Арестович како „самозаљубен скот“. Почна говорот на омраза и обвинување.
Арестович денеска се извини за изјавата и рече дека со оставката покажува „пример за цивилизирано однесување“.
– Го нудам своето искрено извинување на жртвите и нивната татковина, жителите на Дњепар и сите оние кои беа длабоко погодени со мојата погрешна верзија за тоа зошто руска ракета погоди станбена зграда“, напиша тој на Фесјбук.
Арестович сподели и слика од оставката која рачно ја напишал.
Мистеријата околу проектилот продолжува. Претставник на кабинетот на Зеленски изјави дека зградата во Дњепар била уништена од руска крстосувачка ракета Х-22 и дека „ниту една ракета за противвоздушна одбрана не би можела да предизвика дури половина од тоа уништување“.
Кремљ, пак, од своја страна ги негираше наводите дека се гаѓани цивилни цели во Дњепар.