РЕКА КАКО СИНОНИМ ЗА КАНТА ЗА ЃУБРЕ? Порано скопјани пливале во оваа река, а сега пливаат само амбалажи од храна

Мислите дека порано немало ништо, а сега има сѐ? Па да, точно е, денес има многу работи што порано ги немало, па веројатно затоа и не ни недостасувале, ама сѐ помалку има култура на живеење, па реките станаа синоним за канти за ѓубре, а амбалажата од храна стана доминантен вид во нив

235

Сите знаеме дека порано во Скопје имало плажи, а реката Вардар била главно капалиште и им овозможувала на скопјани пријатно разладување од високите температури.

Но порано, немаше ѓубре. Јас барем не се сеќавам на вакви количини на отпад во реките и по парковите и улиците, како што има денес. Иако во мое време веќе не се бањавме во Вардар, често ги слушавме приказните на повозрасните членови во семејството за нивните доживувања на плажите на Вардар. Што ни се случило потоа? Зошто станавме толку валкани?






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини