ОД ПРОФЕСОРКА ПО АНГЛИСКИ ДО МАЈСТОРКА ЗА КОСИ Кавадарчанка прави перики од природна коса за онколошки пациентки и чека убави вести
Додека не почувствуваш на своја кожа или на некој твој близок, не можеш да знаеш низ што поминуваат лицата кои се соочуваат со канцер, вели триесеитригодишната Сашка Кузманова од Кавадарци која смислила начин како барем малку да им го крене моралот на онколошките пациентки
Сашка Кузманова по професија е професорка по англиски јазик, но веќе со години наназад се занимава со хуманитарна работа, односно со помагање на социјално загрозени семејства, деца без родители, жртви на семејно насилство и сл.
Она поради што ние ја побаравме е уште една хумана активност на оваа триесетитригодишна кавадарчанка – изработка на перики од природна коса за онколошките пациенти.
Иако нејзината професија нема никакви допирни точки ниту со фризерството, ниту со медицината, а периките, вели таа, спаѓаат во медицински помагала, таа сепак се решила да научи самата да изработува перики и барем малку да внесе радост во животот на пациентите кои се соочуваат со оваа болест.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.