КОВАЧЕВСКИ Е СÈ ПОДАЛЕКУ ОД УСТАВНИ ИЗМЕНИ Вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната политичка ситуација

Сега за уставните измени и Касами рече дека нема да гласаат. За уставни измени најлегитимно е да се побара доверба од граѓаните и тие требаше уште на претходните избори да го објаснат тоа, а не вака целиот народ да биде огорчен – рече Владо Мисајловски во настап на телевизија „Алфа“.

1,345

Уставни измени нема да има бидејќи СДСМ и ДУИ немаат мнозинство, имаат и проблем внатре во пратеничката група на СДСМ, а и во помалите коалициски партии кои јасно кажаа дека нема да гласаат – рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Мисајловски се осврна и на фактот што партиите на Албанците како Беса, Алијанса за Албанците поминаа во оваа Влада на СДСМ и ДУИ и видоа дека со нив не може да се функционира.






– Сега за уставните измени и Касами рече дека нема да гласаат. За уставни измени најлегитимно е да се побара доверба од граѓаните и тие требаше уште на претходните избори да го објаснат тоа, а не вака целиот народ да биде огорчен. Уставни измени нема да има бидејќи немаат мнозинство, имаат и проблем внатре во пратеничката група на СДСМ, а и во помалите коалициски партии кои јасно кажаа дека нема да гласаат – посочи Мисајловски.

Тој повтори дека Македонија има нелегитимен премиер, нема одговорност во политиката, ниту пред граѓаните, ниту членството го прифаќа, затоа е важно да излезат на избори.

– Ковачевски не бил ни во потесно раководство на СДСМ, нема обврска ни кон граѓаните бидејќи не излегол на избори – рече Мисајловски.

Во врска со изјавите на Ковачевски дека не подлегнувал на закани и уцени за предвремени избори, Мисајловски истакна дека барањата од народот не може да бидат закани, туку легитимно право за подобар живот, подобри мерки, излез од кризата.

– Кога беше Францускиот предлог многу луѓе излегоа на улиците и сè уште се против, затоа што тој беше со бугарски диктат. Закана и уцена не е што ти бара народот, тоа е легитимно право. На секоја опозициска партија прва задача и е како да стигне до предвремени и избори. Закани и уцени ли се што има протести од студентите, од земјоделците, од работниците? И тоа ли се закани и уцени? Од нивната неспособност произлегува сето ова. Да имате добри мерки, добра економија, да имате добро справување со кризата, да имате добар систем, здравство, нема да дојде до ова – вели Мисајловски.

Toj посочи дека закани чувствува народот кој секојдневно добива закани за бомби, се чувствува понебезбедно секој ден, а ниту владата, а уште помалку Пендаровски преземаат нешто за да се справат со ситуацијата.

Поврзани содржини