СО НОЖ ЧЕТИРИПАТИ ИЗБОДЕЛ ГОСТИН ВО РЕСТОРАН! Осомничениот извадил нож на расклопување

Кај останатите присутни во ресторанот осомничениот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност – информира ОЈО.

530

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец под сомнение дека на 28 ноември во ресторан на улицата „Лондонска”, најпрво започнал вербална расправија со едно лице, а потоа и физички го нападнал.

Кога неколку други лица се обиделе да ги раздвојат, осомничениот извадил нож на расклопување и на едно од присутните лица кои се обидувале да го оттргнат му нанел четири убодни рани со кои му предизвикал тешки телесни повреди на градниот кош и на раката, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Кај останатите присутни во ресторанот осомничениот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност“ – информира ОЈО.






Надлежниот јавен обвинител оценил дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да побегне, да го повтори делото или да влијае врз сведоците во постапката, па од Основниот кривичен суд Скопје е побаран притвор.

Поврзани содржини