ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ ДОДЕКА МЕНУВАШЕ ГУМА НА АВТОМОБИЛ Во него на булевар АСНОМ удри возило
Во несреќатае е повреден уште еден маж кој помагал околу промената на гумата.
Едно лице загина во сообраќајка што се случи денеска на булеварот Киро Глигоров, а друго лице е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски”, информира МВР.
Според пријавата доставена до СВР Скопје до несреѓта дошло откако на возилото на сега починатиот „фиат пунто” со скопски регистерски таблички му пукнала гума. Со друго возило дошол Н.С. (29) од Скопје за да му помогне да ја смени гумата. Во двајцата додека се обидувале да ја променат гумата удрило патничко возило „форд фиеста” со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје. Тој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.
На местото на настанот починал Б.С. на возраст од 53 годин, а Н.С. е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски”.
Полицијата, подоцна го пронашла возилото „форд фиеста” на булевар АСНОМ. Извршен е увид и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.