СО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НЕМА ДА НÈ ЗАПРЕТЕ! Кремљ вели дека офанзивата на Украина ќе продолжи

Руската економија „ги има сите потребни капацитети" за финансирање на воената офанзива, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

205

Ограничувањето на цената на руската нафта кое го одредија западните земји нема да има влијание на офанзивата на Москва во Украина, соопшти денеска Кремљ и предупреди на „дестабилизација” на светскиот енергетски пазар.

Руската економија „ги има сите потребни капацитети” за финансирање на воената офанзива, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






Европската унија, Г7 (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД) и Австралија ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари по барел.

Таквите мерки нема да имаат никакво влијание, рече Песков.

Цената на суровата нафта изутрината се зголеми за околу 0,6 отсто, на повеќе од 86 долари по барел.

Поврзани содржини