(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) СЕ ПОЈАВИ ШОКАНТНО ВИДЕО Маскиран маж се приближува до полицаец и му пука во главата (ВИДЕО)

Како што јавија странските медиуми, повредениот полицаец е во стабилна состојба. Мотивот за нападот сѐ уште е нејасен. Полицаецот кој бил задолжен за населбата Франкфорд бил познат на заедницата.

1,613

Минатиот петок во Филаделфија се случи страшна престрелка, кога непознат напаѓач во населбата Франкфорд околу 16 часот му пришол на полицаец на улица и му пукал директно во уво.

Имено, на снимката се гледа како осомничениот одзади му приоѓа на 37-годишниот полицаец и му пука во увото и рамото. Полицаецот, кој во тој момент бил на должност, само се струполил на тротоарот пред да пристигне помошта.






– Тоа е смело. Дрско е и дефинитивно ќе направиме сѐ што можеме за да се справиме со тоа веднаш – изјави заменик полицискиот комесар во Филаделфија, Френк Ваноре.

Како што јавија странските медиуми, повредениот полицаец е во стабилна состојба. Мотивот за нападот сѐ уште е нејасен. Полицаецот кој бил задолжен за населбата Франкфорд бил познат на заедницата.

– Разговарам со него секој ден. Тој е добро момче, навистина многу добро момче – изјави Бамба Сисоко од Франкфорд.

Напаѓачот е во бегство и сите служби трагаат по него, полицијата во Филаделфија бара секој кој има информации за осомничениот да контактира со нив.

ВНИМАВАЈТЕ ВИДЕОТО СОДРЖИ ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!

 

Поврзани содржини