ГЕРМАНСКИ ГИГАНТИ ВО БИТКА СО КОВИД Кучиња ќе ги душкаат вработените во фабрики дали имаат корона
Обучените кучиња можат да идентификуваат зараза и пред и ПЦР-тестот да биде позитивен. Големите компании како „Континентал" (Continental) и „Фолксваген" (Volkswagen), би можеле да ги користат како релативно евтина „алатка за проверка" за поголема безбедност на своите вработени, изјави Фолк.
Иако ограничувањата околу пандемијата на коронавирусот се укинати во многу земји, научниците од Универзитетот за ветеринарна медицина во Хановер, Германија, веруваат дека кучињата-трагачи би можеле да бидат уште покорисни во спречувањето на ковид-19 во големите компании и заеднички работни простории.
Раководителот на истражувањето, Холгер Фолк за агенцијата ДПА појасни дека овој вид куче претставува „систем за рано предупредување”.
– Обучените кучиња можат да идентификуваат зараза и пред и ПЦР-тестот да биде позитивен. Големите компании како „Континентал” (Continental) и „Фолксваген” (Volkswagen), би можеле да ги користат како релативно евтина „алатка за проверка” за поголема безбедност на своите вработени, изјави Фолк.
За испитаниците беа обезбедени и брисеви за брзи тестови, заради споредба.
Посебно обучените кучиња препознале негативни примероци во 99,9 отсто од пробите и 81,6 насто позитивни примероци.
Овие кучиња можат да препознаат и различни видови рак, маларија и некои бактериски и вирусни болести.
Кучињата за откривање веќе се користат на аеродромите и на јавни настани за помош во откривање на зараза со коронавирус, спречувајќи го така ширењето на болеста. Научниците веруваат дека кучињата ќе може да помогнат во откривањето и на неидентификувани случаи.