ПО 28 ГОДИНИ РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ На стадион 88.012 гледачи беа сведоци на поразот на Аргентинците
Претходно повеќе гледачи присуствуваа на финалето на Светското првенство во 1994 година – 94.194 гледачи, а во него играа Бразил – Италија 0:0, на пенали 3:2, стадион Роуз Боул, (Пасадена, Калифорнија, САД).
Натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2022 година помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија (1:2) привлече 88.012 гледачи на стадионот „Лусаил Иконик”, што го прави најпосетениот натпревар на Светското првенство во последните 28 години.
Претходно повеќе гледачи присуствуваа на финалето на Светското првенство во 1994 година – 94.194 гледачи, а во него играа Бразил – Италија 0:0, на пенали 3:2, стадион Роуз Боул, (Пасадена, Калифорнија, САД).
Според официјалната веб-страница на организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година, капацитетот на стадионот Лусаил Иконик е 88.966 гледачи.