СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУСИЈА, СЕ СРУШИЈА НЕКОЛКУ КАТА ОД ЗГРАДА Загинаа 9 лица, меѓу нив има и деца (ФОТО)

Според првите информации, се работи за експлозија на гас, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации и додаде дека на местото на несреќата се испратени околу 60 спасувачи за расчистување на урнатините.

378

Најмалку девет лица загинаа во експлозија во станбена зграда по која се урнаа неколку ката на Далечниот исток на Русија, изјави локалниот гувернер Валери Лимаренко.

Експлозијата се случи утринава во петкатница во селото Тимовоскоје на островот Сахалин, рече тој.






– Девет лица загинаа, меѓу кои и четири деца – изјави Лимаренко за руската телевизија „Русија 24″.

Според првите информации, се работи за експлозија на гас, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации и додаде дека на местото на несреќата се испратени околу 60 спасувачи за расчистување на урнатините.

Поврзани содржини