ЗНАЕШЕ ЛИ ЛАВРОВ ДЕКА НОСИ МАИЧКА ОД СЛИКАР-БИСЕКСУАЛЕЦ? Баскијат починал на 27 години од предозирање со хероин

Баскијат е афроамерикански мајстор од времето на авангардата на Енди Ворхол. Неговите мурали денес на аукции се продаваат по астрономски суми. Познат бил по својот бурен живот.

732

Првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров, го избегна скандалот со неговото наводно хоспитализирање поради проблеми со срцето. Тој во маичка и бермуди се појави пред камерите за да докаже дека не е здрав. Но, дали Лавров знаеше дека на неговата мајчка стои мурал и името на сликарот Баскијат, култен сликар бисексуалец кој починал на 27 години од предозирање со хероин?

 






Твитерџиите веднаш го познаа логото на маичката и почнаа да (о)зборуваат. Баскијат е афроамерикански мајстор од времето на авангардата на Енди Ворхол. Неговите мурали денес на аукции се продаваат по астрономски суми. Познат бил по својот бурен живот.

Веста за хоспитализирањето на Лавров вчера беше ударна во медиумите. Руските челници побрзаа да ја демантираат. Марија Захарова, портпаролката на руското МНР рече дека „ова е, се разбира, врвот на фалсификатите. Па, почекајте ја големата ексклузива“. Претходно, Лавров изјави дека „ова е тип на игра што не е нова во политиката“.

Па сепак, што мисли руското МНР за бунтовното творештво на Жан Мишел-Баскијат?

 

Поврзани содржини