ДВЕ НЕДЕЛИ ПО РАЗВОДОТ Жизел Бундшен уловена на вечера со својот тренер (ФОТО)
Славната манекенка и нејзиниот инструктор за џиу-џицу се видени во Костарика, според фотографиите објавени од страна на „Пејџ сикс“.DVE
Само две недели по објавувањето на разводот од Том Брејди, Жизел Бундшен беше уловена како ужива на романтична вечера со нејзиниот тренер Хоаким Валенте. Славната манекенка и нејзиниот инструктор за џиу-џицу се видени во Костарика, според фотографиите објавени од страна на „Пејџ сикс“.
Жизел на вечерата ги донела своите деца Бенџамин (12) и Вивијан (9). Сѐ уште не е познато дали се во врска. Инаку, минатата година манекенката учествуваше на фотосесија за магазинот „Даст“ со Хоаким и неговите браќа Педро и Џио Валенте.
Во февруари таа сподели видео со Хоаким, а нејзината објава ја коментираше и Том.
Семејството Валенте води теретана во Мајами каде што ја подучуваат боречката вештина на бразилско џиу-џицу и самоодбрана. Во февруари Жизел сподели видео на кое вежба бразилско џиу-џицу со Хоаким и неговите браќа во нивната теретана.
View this post on Instagram
„Се чувствувам посилно, имам поголема самодоверба и посилна сум откако почнав да тренирам и научив самоодбрана. Мислам дека тоа е важна вештина за сите луѓе, но особено за нас жените. Благодарам на браќата Валенте што беа одлични тренери и што секој тренинг е интересен. Се радувам на понатамошното усовршување. Одиме“, напиша таа во описот на видеото.
Интересно е тоа што тогашниот сопруг на Жизел, Том, ја коментирал нејзината објава, пишувајќи: „Веќе нема да оставање садови во мијалникот“.
Том Брејди и Жизел Бундшен официјално се разведоа на 28 октомври.
Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.
ФОТО: Инстаграм