БЕЛОРУСИЈА ПЕЧАТИ 50.000 ПОКАНИ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА? Украинците тврдат дека Минск спрема нешто
Во меѓувреме, Украина објави дека на границата долга 1.000 километри почнала да гради армирано-бетонски ѕид и други видови барикади.
Веоната управа во регионот Брест во Белорусија објавила тендер за печатење 50.000 покани за мобилизација со рок до крајот на годинава, тврди Генералштабот на украинската војска во својот дневен извештај, пишува украинска Правда. Се спрема ли Минск за војна? Русија и Белорусија држат заеднички воени вежби, но Белорусија неколку пати повтори дека не сака директно да се вклучи во војната.
Во меѓувреме, Украина објави дека на границата долга 1.000 километри почнала да гради армирано-бетонски ѕид и други видови барикади. Советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко изјави дека во областа Волин, на границата со Белорусија, е подигнат ѕид долг три километри, покриен со бодликава жица.