ЈА БРАНЕШЕ МЕЛАНИЈА ТРАМП, А СЕГА Е ПРЕТСЕДАТЕЛКА Словенија ја доби првата жена на чело на државата

Пирц Мусар е специјализирана за заштита на лични податоци, а ја застапуваше и сопругата на поранешниот американски претседател, Меланија Трамп. Позната е и како застапник за правата на ЛГБТ популацијата. Работела 15 години во Советот на Европа како експерт за човекови права.

1,542

Словенија ја доби првата жена претседател на државата. Адвокатката и бранителка на човековите права Наташа Пирц Мусар (54), која настапи како независна кандидатка, победи вечерва на вториот круг од претседателските избори, неофицијално освојувајќи околу 54 отсто од гласовите.

Таа освои 53,98 отсто од гласовите на избирачите од досега преброените 92 отсто, додека нејзината конзервативна противкандидатка Анже Логар доби поддршка од 46,02 отсто од гласачите. Логар ѝ честиташе победата на противкандидатката, објавувајќи дека Словенија ја доби првата жена шеф на држава.






Пирц Мусар е специјализирана за заштита на лични податоци, а ја застапуваше и сопругата на поранешниот американски претседател, Меланија Трамп. Позната е и како застапник за правата на ЛГБТ популацијата. Работела 15 години во Советот на Европа како експерт за човекови права.

Поврзани содржини