ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ Голем исчекор на Норвешка кон полуфиналето

100

Ракометарките на Норвешка се наоѓаат пред пласман во полуфиналето на Европското првенство 2022, откако синоќа ја победија Шведска со 27:25.

За Норвешка ова беше четврта победа во исто толку натпревари на континенталниот собир со што го задржа максималниот ефект.






На другиот саботен дуел од Групата-1 која се игра во Љубљана, Данска забележа триумф над Хрватска со 26:17.

Табела Група-1: Норвешка 6 бода (3 натпревари), Данска 6 (4), Словенија 4 (3), Шведска 2 (3), Хрватска 2 (4), Унгарија 0 (3).

На денешната програма се два натпревара од Групата-2 која се игра во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје:
Холандија – Шпанија (18 часот) и Франција – Црна Гора (20:30 часот).

Поврзани содржини