КРИС ЕВАНС ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ Згодниот актер ја доби ласкавата титула (ФОТО)

Еванс беше прогласен за овогодинешен победник во шоуто „Доцно шоу“ на Стивен Колбер, а откако познатиот водител го изговори неговото име, публиката почна да гласно да аплаудира.

369

Можеби го спушти штитот на Капетан Америка, но Крис Еванс (41) има нова важна титула – тој е прогласен за најсексапилен маж во светот според магазинот „Пипл“.

Еванс беше прогласен за овогодинешен победник во шоуто „Доцно шоу“ на Стивен Колбер, а откако познатиот водител го изговори неговото име, публиката почна да гласно да аплаудира.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Еванс, кој речиси една деценија го играше Капетан Америка во филмовите за суперхерои на „Марвел“, ја презеде титулата од друг „Одмаздник“, Пол Рад.

„Мајка ми ќе биде толку среќна. Таа е горда на сè што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали“, рекол Еванс за „Пипл“, додавајќи дека е свесен дека блиските пријатели најверојатно ќе го задеваат.

„Ова ќе биде причина за малтретирање. Зрел сум за вознемирување“, се пошегувал актерот, кој предвидува дека меѓу „шегаџиите“ би можеле да бидат и неговите колеги кои веќе ја добиле истата награда – Рад, Рајан Рејнолдс, Крис Хемсворт…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Evans (@chrisevans)


Во 2020 година оваа титула ја освои Мајкл Б. Џордан, а во игра беше и Еванс, но не беше избран бидејќи не беше баш „добар тајминг“. Имено, во септември 2020 година, Еванс случајно објави фотографии од својот полов орган додека се обидувал да објави видео на Инстаграм. Иако брзо ја избриша фотографијата, „скриншотите“ од фановите беа побрзи и се појавија на Твитер.

 

 

Поврзани содржини