НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА СЕВЕРЕН, БРЗО ЌЕ ДОЈДЕ ТУРСКИОТ ТЕК Путин откри детали за експлозијата во Балтичкото Море

Рускиот лидер изјави дека се пронајдени два кратери - еден длабок три метри и еден длабок пет метри. Истовремено, Путин оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозијата на гасоводот.

867

Рускиот претседател Владимир Путин не е загрижен за исклучувањето и штетата која му беше нанесена на гасоводот „Северен Тек“ во Балтичкото Море. Тој смета дека алтернативниот гасовод „Турски тек“ ќе биде набрзо пуштен и дека многу од клиентите ќе сакаат да склучат договори и да се префрлат на оваа линија. Едновремено, Путин информираше дека компанијата „Газпром“ извршила увид во експлозиите кај Северен тек, пренесува Б92.

– Добив извештај од (директорот на Газпром, Алексеј) Мулер дека направиле инспекција. На Газпром, инаку, му е дозволено да ги испита местата на експлозијата – рече Путин во понеделникот вечерта.






Тој додаде дека се пронајдени два кратери – еден длабок три метри и еден длабок пет метри. Истовремено, Путин оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозијата на гасоводот.

Нападите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен поток 2“ беа извршени на 26 септември. Руското Министерство за одбрана ги обвини претставниците на британската морнарица за учество во планирањето и спроведувањето на, како што тврди Москва, „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември, кога беа оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“,  потсетува РИА.

Москва тврди дека тие го режирале и нападот на Севастопол со помош на беспилотни летала, кој бил извршен во неделата наутро.

Велика Британија ги отфрли руските наводи, нарекувајќи ги „лажни тврдења од епски размери“.

Путин ја предложи Турција како база за снабдување со гас претходно овој месец, откако гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ под Балтичкото Море беа оштетени во експлозиите во септември, објави Ројтерс. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека се согласува со таа идеја, наведува агенцијата.

Путин изјави дека е многу тешко да се работи директно со европските трговски партнери.

– Полесно ни е да работиме со Турција. Претседателот Ердоган е човек од збор…и полесно ни е да го контролираме Црното Море – рече Путин на прес-конференција.

– Ова е многу реален проект и можеме да го направиме доста брзо, а ќе има доволно луѓе кои сакаат да склучат договор… Не се сомневам дека има многу во Европа кои го сакаат тоа -заклучи тој.

Поврзани содржини