ЗА 3 ГОДИНИ НАВИСТИНА ЌЕ ИМА ЛЕТЕЧКИ АВТОМОБИЛИ Видео од компанија од Калифорнија прикажува како ќе функционира „Алеф А“
Под мрежата се кријат осум пропелери. Полетува и слетува вертикално, како што тоа го прават малите дронови. После полетувањето каросеријата на автомобилот се наведнува за 90 степени, така што горниот дел од автомобилот е свртен напред, а пропелерите едноставно даваат потисок нанапред. Летате 322 километри со едно полнење.
Новости во светот на летечките автомобили. Компанија од Калифорнија планира за три години масовно да го произведува својот прототип „Алеф Модел А“ кој за разлика од другите летачки автомобили кои постојат во светот има необичен дизајн. Неговото тело не е од обичен лим туку од решетка која изгледа модерно, но всушност помага возилото да биде лесно.
Под мрежата се кријат осум пропелери. Полетува и слетува вертикално, како што тоа го прават малите дронови. После полетувањето каросеријата на автомобилот се наведнува за 90 степени, така што горниот дел од автомобилот е свртен напред, а пропелерите едноставно даваат потисок нанапред.
Патничката кабина се врти околу оската и останува во хоризонтална положба за патниците да можат да бидат свртени напред во текот на летот. Летате 322 километри со едно полнење.
„Алеф А“ има и врати кои се отвораат нагоре и едноставна внатрешност во стилот на тркачките автомобили. Кога лета странично телото прекриено со мрежа овозможува да се лизга низ воздухот, одржувајќи го лесен и дозволувајќи му да остане во воздух без никакви безбедносни проблеми, велат од „Алеф Аеронаутикс“.
Сега за сега, главниот проблем е што автомобилот може да полета само од определени места бидејќи сѐ уште нема дозвола од воздухопловните власти на САД. Другиот проблем може да биде високата цена, која се проценува на 300.000 долари.