ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА БЕБЕТО РАСТЕ ВО ДВОЈАЗИЧНА СРЕДИНА? Сите придобивки од изложеноста на различни јазици
Бебињата изложени на друг јазик развиваат подобро внимание, но тоа е само една од придобивките. Двојазичните бебиња имаат подоцна и побогат речник, подобри логички вештини за решавање проблеми и способност повешто да извршуваат неколку задачи одеднаш
Експертите откриле дека еднојазичните бебиња можат да разликуваат фонетски звуци уште на возраст од шест месеци, без разлика дали се зборува на јазикот на кој се навикнати да слушаат или на друг јазик што не се зборува во нивните домови, пренесува Parents. Меѓутоа, еднојазичните бебиња на возраст од десет до 12 месеци повеќе не ги откриваат звуците на друг јазик, туку исклучиво на јазикот што најчесто го слушаат.
Истражувачите објаснуваат дека ова претставува одреден процес на „невронска посветеност“ во кој мозокот на доенчињата се поврзува за да може да разбира еден јазик и неговите звуци. За разлика од нив, двојазичните бебиња наследиле поинаква развојна траекторија.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.