НАУЧНИЦИТЕ СЕГА ЧИТААТ МИСЛИ ОД ДАЛЕЧИНА Новата неинвазивна магнетна резонанца толкува цели приказни
Во дополнително направените тестови, алгоритмот можел прилично точно да го објасни заплетот на немиот филм што учесниците го гледале во скенерот. Можел дури и да прераскаже приказна што учесниците си ја замислувале во главите. И сето тоа од далечина, без употреба на електроди закачени на главата.
Научниците можат да ги толкуваат мислите на луѓето од далечина со нов тип на магнетна резонанца наречена функционална, фМРИ, пишува порталот Научник. Ова е прв метод на читање без да има потреба да бидат ставени електроди во главата на испитаникот. Лошата вест е дека мислите не можат да се прочитаат точно од збор до збор, но може прилично добро да се открие нивното значење.
Причината зошто оваа техника е послаба од онаа со електроди е поради тоа што магнетот го следи протокот на оксидирана крв во мозокот и нејзините сигнали. Течението на крвта е многу побавно отколку брзината на електроните кои скокааат од нерв до нерв во мозокот и ги сочинуваат нашите мисли. Нервните клекти користат многу повеќе кислород.
Сепак, резултатите од толкувањата се добри.
– Да прашавте кој било когнитивен невролог во светот пред 20 години дали ова е изводливо, тој ќе ве исмееше и ќе ве испратеше надвор од собата – изјави за Научник постариот автор на студијата Александар Хут, невролог од Универзитетот во Тексас во Остин .
За новата студија, која сè уште не е рецензирана од други колеги, тимот го скенирал мозокот на една жена и двајца мажи во 20-тите и 30-тите години од животот. Секој учесник слушал вкупно 16 часа од различни подкасти и радио емисии во текот на неколку сесии во скенерот.
Тимот потоа ги нахранил овие скенови со компјутерски алгоритам што го нарекуваат „декодер“. „Декодерот“ ги споредувал шемите во звукот со шаблоните во снимената мозочна активност.
– Алгоритмот потоа би можел да земе снимка направена со овој метод и да генерира приказна врз основа на нејзината содржина, а таа приказна „прилично добро“ би одговарала на оригиналниот заплет на подкастот или радио емисијата – додава Хут.
Со други зборови, декодерот може да заклучи каква приказна слушнал секој учесник врз основа на нивната мозочна активност.
Алгоритмот направил и некои грешки, како што се менувањето на заменките на знаците и употребата на прво и трето лице.
– (Алгоритмот) знае што се случува прилично точно, но не и кој ги прави работите – рече Хут.
Во дополнително направените тестови, алгоритмот можел прилично точно да го објасни заплетот на немиот филм што учесниците го гледале во скенерот. Можел дури и да прераскаже приказна што учесниците си ја замислувале во главите.