НЕКОЈ МУ ГО УКРАЛ КОПЧЕТО ЗА ДИСКУСИЈА НА СЛАВЕСКИ? Опозицијата обвинува, „со опремата денес раководеа службите на Градот“

Партијата во соопштението вели дека „заменикот на Арсовска, советникот од ГРОМ, Александар Трајановски јавно призна дека свесно и намерно му било одземено тоа право на Славески“.

518

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение обвинува дека на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница му било ускратено правото да го регулира говорот на говорниците и да работи според Деловникот. Со помош на копче за дискусија престедателот има право да спречува на говорницата да се користи говор на омраза, навреди по национална, етничка припадност, навреди на лична основа.

Но, според ВМРО-ДПМНЕ, со опремата денеска раководеле службите на Град Скопје. Партијата во соопштението вели дека „заменикот на Арсовска, советникот од ГРОМ, Александар Трајановски јавно призна дека свесно и намерно му било одземено тоа право на Славески“.






– Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што било кој од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора да го спречи. Оваа седница ќе ја завршиме на овој начин. Јас ве уверувам дека нема да почнам седница по завршување на оваа седница, доколку не се врати опремата која на претседателот на Совет му обезбедува контрола врз дискусиите на лицата кои излегуваат на говорница – рекол Славески според ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини