СИЛУВАНИ ДУРИ И ЧЕТИРИГОДИШНИ ДЕЦА!? Уште една морбидна страна на војната во Украина

Истражителите на ОН заклучија во извештајот дека руски војници силувале деца од кои некои биле на возраст од четири години, пишува Бизнис инсајдер.

1,057

Претставничката на ОН Прамила Патен рече дека Светската организација потврдила повеќе од 100 случаи на сексуални напади во Украина и дека оваа бројка не е ни блиску до реалноста, бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

– Кога жените се заробени со денови, момчињата и мажите се силувани, нивните гениталии се осакатени, кога на тоа ќе се додадат сведоштвата на жените за снабдување на руски војници со вијагра, јасно е дека тоа е дел од руската воена стратегија – рече Прамила Патен, која е специјален претставник на ОН задолжена за сексуално насилство во зони на конфликт.






Жртвите се првенствено жени, рече таа, но има и мажи и деца. Минатиот месец, истражителите на ОН заклучија во извештајот дека руски војници силувале деца од кои некои биле на возраст од четири години, пишува Бизнис инсајдер.

Поврзани содржини