11-ти Октомври 2022 година. Честит празник Македонци!

Мореее...! Недоветни македонски политичари, и од власта и од опозицијата - ќе се освестите ли дур е време, ЕЈ!, да формирате Влада која нема да зависи од диктатот на Албанците? Ако мислите и во иднина да им препуштите партиско - идеолошко управување со клучните позиции во државата и тоа против интересите на македонскиот народ, а вие да бидете само полтрони  - чанколисци седнати во нивниот скут, и да ни изигрувате дека ни ги штитите интересите... – не ни требате! Не ни требаат ни избори... за да биде работава – „Сјаши Мурто, да се качи Курто“!

829

„Единаесeтти Октомври

ден ти се славиш,






те слави стар и млад

ко вечен спомен…“

Тоа е строфа од нашата славна химна за големиот празник на македонскиот народ, кој сега, веќе, се слави само како знак на неговото некогашно славење. Се пресели во заборавот, маргинализиран од самите нас.

Ќе го паметам празникот бидејќи среќно растев со него, со убавите школски прослави и академии во негова чест, кои не поминуваа без моите рецитаторски настапи, во кои се величаше нашата голема антифашистичка борба за слободна и национална држава на македонскиот народ – Македонија.

Во години сум кога минатото го носам во душата како свето извориште на кое навраќам на поење секогаш кога сум духовно жедна и кога преку засушеното грло на суводолицата чувствувам дека во мене отчукува внатрешниот роптеж на детството… на детето во мене, кое будно  и соноописно, држејќи ме за рака, барабар со мене чекори…

Но, каде? Се прашувам сега… – Ова што се случува со и во Македонија и македонскиот народ, е далеку од гордо чекорење. Место напред да чекориме како што пеев во детството, ние во дваесет и првиот век – „цивилизациски“ и „по своја волја “ неповратно и тивко исчезнуваме од светската карта на држави и народи.

Тоа не може поинаку да се нарече, освен – новото ропство кое САД и Западот ни го наметнаа, а тоа е – НЕОКОЛОНИЈАЛИЗАМ. Тоа е старо – новиот диктиран и срамен поредок по системот „раздели па владеј“. Пример сме ние: – разделени, завладеани… и управувани од наметнати предавници и туѓи платеници – самонаречени мисионери, но на туѓи држави и туѓи агенди со кои ни се силат, и забрзано ги спроведуваат, разлазени како влекачи по земјата македонска која им е мета на разградување и уништување со сѐ Македонците во неа.

Тоа се домашните паразити кои со народни пари ни спроведоа тотална диктатура во државата. Завладеаја со народот, а на друг му служат. Ние Македонците ја губиме државата и себе, со повлекување пред нивната наезда која катадневно сѐ повеќе и повеќе ја чувствуваме, за жал – како на туѓа кожа… Се повлекуваме, друг настапува на нашето место, кој има своја цел, а со тоа и отворен пат.

Со изгубена самопочит ја прифативме најниската човекова „доблест“ – да трпиме. Трпејќи да се правдаме  дека „немаме одобрение“ да ги мавнеме од власта нашите здружени џелати. Така – со чувари на свеста, без стратешка акција, сопствена идеологија и надарени водачи, ние се сложивме со нашето исчезнување…

Политички мртви, дочекавме – овој пат, да се препуштиме и на самоизбрани апашки сурати кондисани во Владата, кои здружени во СОВЕТ… и тоа од петте министри четири Албанци, како искусни манипуланти да ни го уредуваат и унапредуваат комплетниот научно – образовен систем во државата, област од која поим немаат. Па се прашуваме зошто пропадна школството… зошто пропаѓа државата…? Дали е некој свесен дека албанските политичари ја косовизираат Македонија?

Мореее…! Недоветни македонски политичари, и од власта и од опозицијата – ќе се освестите ли дур е време, ЕЈ!, да формирате Влада која нема да зависи од диктатот на Албанците? Ако мислите и во иднина да им препуштите партиско – идеолошко управување со клучните позиции во државата и тоа против интересите на македонскиот народ, а вие да бидете само полтрони  – чанколисци седнати во нивниот скут, и да ни изигрувате дека ни ги штитите интересите… – не ни требате! Не ни требаат ни избори… за да биде работава – „Сјаши Мурто, да се качи Курто“!

Сега како што е, на чело со приправникот – „ЌЕ БИДЕ КАКО ДОСЕГА“, бетер ќе дочекаме… – Под ова дно каде сме стапнати сега, има и друго… Дали сме способни  сами да се избавиме? Или ќе продолжиме натоварени со  знамиња и  пароли да се вееме по улиците, да викаме, јајца да фрламе… и толку! Ние немаме водачи…! Имаме само пасионирани играчи во натпреварот на актуелната македонска Играрија –„курва курви курво каже“…

Одамна не е само индикативно, туку и потврдено дека одредени центри на моќ ни наметнуваат (досега им успева), добро осмислена партиско – политичка манипулација, од која профитира албанската малцинска заедница. Низ отворената врата за мајоризација на малцинството врз мнозинскиот народ, врвицата продолжува и никој не ја сопира…

Одамна таквата политика се спроведува како успешна агенда меѓу партиите на власт, со привид дека има прогрес во соживотот и интеграција во државата, а фактички, доминација со забрзано и незаконско зголемување на правата и влијанието на албанското малцинство во сите сфери на општественото живеење…

Албанци кои до сега како партиски кадри министеруваат по разни ресори –  ги уништија! Исто како и Македонците, си го теркаат само својот личен и партиски интерес. – Пример во  здравството: – Ниеден од нив не допринесе за подобрување на здравствените услови на населението. Напротив, со секој нов министер тоа од негрижа се лизгаше скалило подолу, до разграден здравствен систем. И опљачкан! Но затоа се воведе двојазичноста, приоритетно се сменија таблите пред болницата… и се разбира, го зголемија бројот на вработени Албанци, по свој наод… Така е и во образованието кое сега го покажа својот лик… И во судството кое безнадежно пропадна бидејќи се напикани „избрани“ кадри кои ги застапуваат интересите на тие кои ги устоличиле… да можат да крадат и да водат антидржавна политика, а да не одговараат. Да не се повторувам за империјата и илјадните дворјани на Артемие… Важно, Владата ни е полна со нестручни и настрана загледани Албанци, кои не пропуштаат да кажат дека се албански министри кои одговараат само пред нивниот шеф. Што може да очекуваме од таквите рицари?

Сега е во ек притисокот за бришење на процентуалната застапеност во Уставот – 20%… Со тоа се отвора можноста за масовно вработување нови партиски кадри во државната администрација која и сега се гуши… од вработени исклучиво од албанската заедница, без никакви квоти или потреби, на штета на квалитетот. Тука е и затскриената опасност – се доведува во прашање унитарноста на државата! Тоа е готовата агенда на албанските политичари, која ја чуваат за идните и подобри времиња. Наметнувањето е да се признае конститутивна државотворност на албанскиот фактор – народ, исто како што бараат Бугарите, кое нешто сега за сега се коментира со  – „Македонците ја сакаат државата без Албанците…!?“ А знаат дека тоа не е точно! Точно е дека не ги сакаме како сега што се поставени, да се гордеат, фалејќи се: – Без нас, Македонците не можат да донесат никаква одлука! Значи, нѐ третираат како да сме (или СМЕ) под нивно старателство. Тоа е провокација со која отворено настапуваат – државата конститутивно да припаѓа на двата побројни етникуми – Македонците и Албанците, што значи озаконета делба, а со тоа и расчеречување поради паралелизмот и идеолошкиот расчекор кој е сѐ појасен и по присутен. ДУИ заканувачки одамна бара (и ќе дочека, како што пошло…) одредување на ПОЧЕСНО место во македонската историја на УЧК! Еј, на агресорот  на Македонија во 2001 година! Што „зборува“ таквата дрскост?

Сето тоа се зачести по фалсификуваниот попис од 2021, каде нерезидентното население се вклопи во прирастот на домашното албанското население, како и припомошта со попишувањето на Косоварите и Албанците од Албанија (не џабе шетаа по Косово и Швајцарија Мисионерот Османи и Императорот Артан, со државни пари да пропагираат вештачки прилив на попишани…), кои политички овие дваесет години, плански, се здобија и со македонски државјанства, и со место на божем –  живеење во државава. Инаку реалниот процентот на албанското население  е намален, а не зголемен. Нека не ве буни дневната бизнис гужва во Тетово или Гостивар. Селата околу градовите се испразнети… исто како и македонските…

 

ПС. На денешен ден, 11 Октомври 1973 година почина многуизмачената ми мила Мајка ИВАНА. Во мир да почива далеку од нејзината непрежалена и секогаш споменувана Добролишча – Костурско.

 

ЗОШТО?

 

Зошто носиш црна шамија Мајко,

кога сите сме живи?

– Ка, си жаља за мојта зема!

 

Кога си отидо’ме од дома,

на границата е кладу чрната риза

и ќе е носа дур су жива.

 

Ка ќе умра, нема да ми е извајте!

 

Сал ќе ми е одрешите од грежо под грлото

и ќе ѝ ги испушчите крајовите.

 

Мојта жаљ за родното ми место,

зајно со мене пепел да стани.

 

од збирката „Кон Небеса“

во издание на Матица Македонска – 1995 год.

Поврзани содржини