АМЕРИКА ДОБИ НОВА МИС Бони Габриел е првата девојка со филипинско потекло која ја освоила оваа титула (ФОТО)

Бони се натпреваруваше против 49 девојки на изборот за Мис на САД. Таа по професија е модна дизајнерка.

696

Новата Мис на Соединетите Американски Држави е Бони Габриел (R’Bonney Gabriel), натпреварувачка од Тексас. Таа е првата девојка со филипински корени која ја освоила оваа титула.

Како што истакнала, таа е горда на своето потекло.






– Се чувствувам спокојно, бидејќи знам дека напорно работев за мојот успех. Научив колку е важно да прифатам она што сум. Сакам да ги охрабрам сите Американки со филипински корени да го достигнат својот највисок потенцијал – рекла таа.

 


Таа додала дека нејзиниот татко поради факултетот се преселил од Филипините во Америка.

– Пристигнаал овде со 20 долари во џеб. Сакал да изгради нов живот. Ја запознал мајка ми во Тексас. Јас сум горда Американка со филипински корени – рекла убавицата.

Бони се натпреваруваше против 49 девојки на изборот за Мис на САД. Таа по професија е модна дизајнерка.

– Фустанот што го носам вечерва го направив од рециклиран материјал. Сметам дека е моја должност да го промовирам концептот на одржливост во модната индустрија – рекла таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R’Bonney Gabriel (@misstxusa)


Таа ја наследи титулата од минатогодишната победничка Ел Смит.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R’Bonney Nola (@rbonneynola)

ФОТО: Твитер/Инстаграм

Поврзани содржини