МЕСТОТО КАДЕ ШТО СЕ СОЗДАВА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА За новата гастрономија, за банката на вино и универзитетот за гастрономски науки
Движењето Слоу фуд сака да ја надмине тесната идеја за гастрономијата и да го премости јазот помеѓу хедонистичкиот и етичкиот дел од културата на храна за да создаде „одговорна гастрономија“. Да се обликуваат идните гастрономи е цел на Универзитетот Слоу Фуд, основан во северниот дел на Италија во 2004 година. На истата локација е сместена банката за вино отворена една година претходно, во 2003. Еве што научивме и што видовме ние таму
Во утробата на историското Agenzie di Pollenzo, во срцето на италијанскиот регион Ланге, се наоѓа залиха од повеќе од 100.000 шишиња италијанско вино. Не станува збор за стандардна винарска визба. Отворена во 2003 година, Банка дел Вино („Винска банка“) е замисла на меѓународната организација Слоу Фуд. Како што кажува нејзиното име, Банката го промовира италијанското вино како еден вид валута што ја осветлува историјата и културното значење на земјата. Главниот мотив на проектот е да се бори против концептот на времето.
Слоу фуд сака да ја надмине тесната идеја за гастрономија и да го премости јазот помеѓу хедонистичкиот и етичкиот дел од културата на храна за да создаде „одговорна гастрономија“. Да се обликуваат идните гастрономи е цел на Универзитетот Слоу Фуд, Универзитетот за гастрономски науки, основан во северниот дел на Италија во 2004 година.
Универзитетот и банката за вино на Слоу фуд ги посетивме во рамки на нашата посета на Тера Мадре 2022.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.