СОВЕТНИК ТВРДИ ДЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ЈСП МУ СЕ ЗАКАНИЛ СО ЌОТЕК! Филип Јаневски вели дека нема да потклекне на притисоците

Критиките кои ги упатив за неговото неработење беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати – вели советникот од Глас за Македонија.

670

По завршувањето на денешната седница в.д. директорот на ЈСП Скопје Александар Стојковски лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене – обвини советникот Филип Јаневски од партијата Глас за Македонија.

– Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати! Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје – изјави Јаневски.






Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ги осуди заканите со физичка сила упатени од директорот на ЈСП Стојковски кон советникот Јаневски.

– Кога има недостиг на аргументи тогаш има закани, и уцени како израз на слабост и паника. Тоа говори дека Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, а кој доаѓа од партијата СДСМ, нема храброст да се соочи со аргументите. Тендер коалицијата на Арсовска со СДСМ, ГРОМ и крими поединци треба да каже дали ова е модерното Скопје кое скопјани го очекуваа? Арсовска да излезе од крими матрицата и да почне да работи за скопјани. Никој не ви се плаши – соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

На Советот на Град Скопје се зборуваше за ставање во функција на нови автобуски линии по барање на граѓаните. В.Д. директорот на ЈСП Стојкоски реагираше дека на некои линии има неисплатливост и бараше советниците да им објаснат на граѓаните кога истите ќе бидат укинати. Советникот Јаневски  му врати:

– Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме.  Значи, Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете, прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат!

 

Поврзани содржини