ЕУ НЕМА ТОАЛЕТНА, А ЈА ЗАБРАНУВА РУСКАТА ХАРТИЈА „Не се мијте“, на удар се и пената за бричење и дезeдорансите
Коментирајќи ги предложените санкции, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека ова заедно со фактот што Европејците им се сугерира помалку да се тушираат „неволно се потсетува на познатото писмо од пред 200 години“, во кое францускиот император Наполеон наводно ѝ рекол на својата сопруга Жозефина: „Не се миј.”
Европската Унија ќе ја лиши Москва од приходите од тоалетна хартија, но истовремено најголемата германска компанија од овој тип прогласува стечај, пишува Политико. Новиот пакет санкции ги става на удар и пената за бричење, дезедорансите, забниот конец, сапунот, производи за убавина, но и увозот на производи од челик.
Коментирајќи ги предложените санкции, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека ова заедно со фактот што Европејците им се сугерира помалку да се тушираат „неволно се потсетува на познатото писмо од пред 200 години“, во кое францускиот император Наполеон наводно ѝ рекол на својата сопруга Жозефина: „Не се миј.”
Според Урсула Фон дер Лајен, шефица на Европската комисија, со предложениот осми пакет санкции се очекува ЕУ да ја лиши Русија од „дополнителни 7 милијарди евра приходи“.
– Не ги прифаќаме лажните референдуми и каков било вид анексија во Украина и решени сме да го натераме Кремљ да плати за оваа понатамошна ескалација – изјави во Брисел претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Објавата на Фон дер Лајен доаѓа само неколку дена откако еден од германскиот производител на тоалетна хартија, „Хакл“, поднесе барање за стечај, наведувајќи ги вртоглаво зголемените цени на енергијата и изворните материјали.
„Хакл“ и други германски компании побараа од федералната влада да ја ограничи цената на енергијата како начин компанијата да остане ликвидна. Но, по серијата експлозии во понеделникот кои ги оштетија двата гасоводи Северен тек, Германија можеби трајно е исклучена од рускиот гас.
Во меѓувреме, владините претставници им наложија на Германците да се тушираат помалку и да користат крпи за миење, за да заштедат на топла вода.
Меѓу другите забрани, ЕУ, во новиот бран, исто така, има намера да го санкционира филозофот Александар Дугин, чија ќерка Дарја беше убиена минатиот месец во московски автомобил-бомба.
Плусинфо веќе пишуваше дека покрај многуте забрани, ЕУ сепак има на ум да ги омекне санкциите за испорака на руски јаглен, цемент и ѓубрива за земјоделството. Тука се секако и непроценливите дијаманти кои се ископуваат во Русија.