ПЕТ МИНУТИ ШЕТАЊЕ, ТРИ МИНУТИ ДРЖЕЊЕ Јапонските научници тврдат дека ова е најдобриот начин да го смирите расплаканото дете
Тие им препорачале на родителите или старателите кои сакаат да го смират бебето што плаче цврсто да го припијат детето до своето тело, да го потпрат неговото главче и да прошетаат „пет минути по рамна површина, со стабилно темпо, по можност без нагли застанувања или вртења“.
Да го натерате расплаканото бебе да се смири и брзо да заспие е цел на секој уморен и ненаспан родител. Група научници од Јапонија веруваат дека го пронашле најдобриот начин да го смират расплаканото дете.
Истражувачите од Центарот за наука за мозокот RIKEN велат дека носењето на бебињата во текот на петминутна прошетка го поттикнува сонот, дури и во текот на денот. Тие им препорачале на родителите или старателите кои сакаат да го смират бебето што плаче цврсто да го припијат детето до своето тело, да го потпрат неговото главче и да прошетаат „пет минути по рамна површина, со стабилно темпо, по можност без нагли застанувања или вртења“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.