300 РАЗЛИЧНИ ВИНА НА САЕМОТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ Посетителите ќе можат да ги пробаат вината на 42 македонски визби

За реализацијата на оваа саемска манифестација има интерес и од македонската влада која оценува дека саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се поразговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари.  

36

На  Саем за вино и храна „Отворен Балкан“ што ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград, ќе учествуваат 42 македонски визби и 3 дестилерии, а претставени ќе бидат 300 различни вина.

За реализацијата на оваа саемска манифестација има интерес и од македонската влада која оценува дека саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се поразговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари.






– Учеството на овој Саем за домашната економија значи поголем извоз, откуп и обезбедување нови пазари за македонското вино. На манифестацијата чии кооорганизатори и кодомаќини сме и ние, ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот – изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

 

Поврзани содржини