УКРАИНЦИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ВОЈУВАЛЕ СО СССР? Прогласиле независност уште во 1918 година

Како завршила војната? Со поделба на Украина меѓу СССР, Полска, Романија и Чехословачка. Украина и тогаш се простирала на огромна територија како и денес. Украина и тогаш била клучен извор на ресурси за СССР, руда, минерали, жито. Русите не ја признаваат војната велејќи дека се работи за внатрешен граѓански конфликт. Всушност, на терен се бореле четири групи. Црвените болшевици, белите царисти, германските трупи на империјална Германија и украинските националисти.

653

Украинците со устав имале прогласено независна Украинска Национална Република уште во 1918 година и војувале со Русите, односно со СССР цели четири години во војна која ја опишал Михаил Булгаков во своето дело „Белата Гарда“. Денес, историјата нецелосно им ја признава оваа војна и ја смета за дел од граѓанската војна внатре во самиот Советски Сојуз. Тоа е времето кога Ленин и болшевците доаѓаат на власт, а царот Николај Романов и неговата лоза се погубени.

Украина го користи падот на царштината да донесе Устав со кој прво прогласува  автономија во 1917, а потоа и целосна независност од Русија. Во него се вели дека „изворот на моќ во Украина е украинскиот народ“, дека „администрацијата на Украина треба да ја спроведува украинскиото Собрание“, наречено врховна Рада и дека Радата ќе носи закони кои ќе бидат валидни на територијата на Украина.






фото: твитер/принтскрин

Во исто време траела Првата светска војна. Во Украина биле војските на Австоунгарија и Германија, сили на Антантата. По поразот од Централните сили и потпишувањето на примирјето во ноември 1918 година Германија и Австрија морале да се повлечат од Украина.  Пред да се повлечат тие на хартија ја имале признаено украинската независност. Во тефтерите од тоа време пишува дека Радата (собранието) имала тешкотии да ја воспостави својата власт во новата држава.

Набрзо, Австроунгарската империја пропаднала, па во галицискиот град Лавов била прогласена уште една независна западноукраинска република.

Двете украински држави ја прогласиле својата унија на почетокот на 1919 година, но независноста била краткотрајна, бидејќи тие веднаш се нашле во двонасочна борба против трупите од Полска и од Русија.

Всушност, на терен се бореле четири групи. Црвените болшевици, белите царисти, германските трупи на империјална Германија и украинските националисти. Вака нив ги опишал Булгаков во својот забранет роман кој во Русија целосно ќе биде објавен во 1989 година.

Така почнала четиригодишната војна. Како завршила? Со поделба на Украина меѓу СССР, Полска, Романија и Чехословачка. Украина и тогаш се простирала на огромна територија како и денес. Украина и тогаш била клучен извор на ресурси за СССР, руда, минерали, жито.

За да ги одбие нападите на СССР Украина накратко се здружила со Полска, но не можеше да го издржи советскиот напад. Во 1922 година, Украина стана една од првичните конститутивни републики на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР).

Поврзани содржини