Дугин и Ружди
Двајцата не би можеле да бидат поодалечени едни од други, како што мирот е далеку од војната, како што вистината од лагата, како што разумот од омразата.
Имало двојни стандарди меѓу Дугин и Ружди?!
Каква релативизација и обид за лажна еквидистанца помеѓу демократите и автократите!
Дугин и неговото семејство се поддржувачи на Путин, воен автократ одговорен за инвазија на соседна земја и илјадници жртви кај тие што ги нарекуваше како братски народ.
Дугин и семејството шетаат со „Z“ маички, како бесрамни поддржувачи на тој масакр.
Дугин е филозофот кој стои позади интелектуалната архитектура и наративот за актуелната војна, поддржувајќи ја тезата дека ова е историската улога на Русија.
Жалам, ама во време на војна која ти си ја почнал и ти ја поддржуваш, таквите позиции те прават стратешка, односно политичка цел.
Дугин по ништо не е цивил.
Ружди, од друга страна, не застапува никоја држава, се застапува себеси и своите слободоумни ставови, најчесто наспроти опресивната моќ на државните автократии.
Ружди е слободен човек и како таков е нападнат, Дугин е неслободен човек во неслободна држава и за таков е нападнат.
Двете нешта и двајцата луѓе не би можеле да бидат поодалечени едни од други, како што мирот е далеку од војната, како што вистината од лагата, како што разумот од омразата.
Модерниот фашист и империјалист нема ништо заедничко со слободата на говорот.
Неговиот е говор на смрт и неслобода.
(ФБ статус на авторот)