СЀ ПОВЕЌЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ НЕ СЕ РАСПОЛОЖЕНИ ЗА ГОСТИ СО ДЕЦА Што мислите за движењето „чајлд фри“?

Дали има место за деца во рестораните и хотелите е сè почеста тема на дискусија во Италија, а движењето „Child Free“ (Без деца) се проширило и во други земји. Потекнува од САД, а во хотели без деца може да се престојува и во Париз и Мадрид, како и на некои егзотични дестинации. Што мислите вие за ова?

366

Нико Алари, косопственик на Holybelly во Париз, вели дека рестораните не сакаат бебиња, мали деца и доенчиња.

„Дури и ако сопственикот е пријателски настроен кон бебињата, повеќето келнери не се. Бебињата се неуредни, бучни, лепливи, несмасни, минијатурни расипувачи“, вели Нико.






„Ако работите во нашата индустрија, не ми кажувајте дека не ви се смачува кога ќе видите шармантен пар со неколку преслатки деца како поминува низ вратата на ресторанот. Едноставно нема да ви верувам“, додава тој, истакнувајќи дека тоа што вработените не сакаат кога ќе им дојде бебе во ресторанот, не значи дека презираат деца.

„Тоа се две сосема неповрзани работи. Тоа само значи дека тие се закоравени професионалци и дека длабоко во себе знаат дека на овој или на оној начин, ќе им пречат на другите“, вели тој.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини