А КАМО КРИВИЧНИ ДЕЛА „БЕЗОБЅИРНО СУДЕЊЕ“ ИЛИ „БЕЗОБЅИРНО ВЛАДЕЕЊЕ“? Има кривични дела за сообраќајот, ама нема кој да суди

„Дали некогаш сте чуле за осуден за кривичното дело Несовесно вршење надзор над сообраќајот? Дали ЈОРМ или судот има податок за судска пракса за ова дело? Дали ЈОРМ или судот може да објави која е судската пракса за членот 300 од Кривичниот законик за тешки дела за безбедноста во сообраќајот?“, прашува Сашо Клекоски во колумна во „Нова Македонија“.

295

Кривичниот законик, како и другите закони можеби не се идеални, но проблемите далеку повеќе се резултат на неспроведување или лошо спроведување на законите, пишува Сашо Клекоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во колумна за „Нова Македонија“.

Гледајќи како е формулирано новото кривично дела Безобѕирно возење, станувајќи свесен дека (безобѕирно) Несовесно вршење надзор над сообраќајот веќе е кривично дело, за кое најверојатно никој не одговарал, разбираш колку сме далеку од формулирање кривично дело ‘безобѕирно судење’ или ‘безобѕирно владеење’, а уште подалеку од понесување одговорност.

Сашо Клекоски колумнист во „Нова Македонија“





Тој го коментира новиот член 403 во КЗ, во медиумите најавен како безобѕирно возење и потсетува дека Кривичниот законик во членот 299 за Несовесно вршење надзор над сообраќајот вели:

„Одговорно лице на кое му е доверен надзор врз состојбата и одржувањето на сообраќајници и објекти на нив, врз превозните средства или јавниот сообраќај или врз исполнувањето на пропишаните услови за работа на возач или на коешто му е доверено раководење со превоз, што со несовесно вршење на должноста ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од значителен обем, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.“

Клекоски прашува:

„Дали некогаш сте чуле за осуден за ова кривично дело? Дали ЈОРМ или судот има податок за судска пракса за овој член? Дали ЈОРМ или судот може да објави која е судската пракса за членот 300 од Кривичниот законик за тешки дела за безбедноста во сообраќајот, каде што за смрт на едно или повеќе лица е предвидена казна од најмалку 4 (четири) години?“

 

Поврзани содржини