ОНА ШТО МОЖЕ ОВАА БИТОЛЧАНКА ВО НОВ ЗЕЛАНД, НЕ МОЖЕ НИЕДЕН ПОЛИТИЧАР Музичари кои не слушнале ни за Македонија, свиреле и пееле за Битола

„Замислете, „Битола, мој роден крај“ ја пееја музичари кои за првпат слушнаа за Македонија и за Битола, а изговорот на текстот и ритамот од 7/8 беа совршени. Верувам дека доколку не знае, никој не би можел да препознае дека изведбата е направена од луѓе што никогаш не биле во Македонија и никогаш не го зборувале македонскиот јазик“, горда е Ирена Ангеловска, битолчанка која живее и работи во Нов Зеланд.

756

Ирена Ангеловска е докторант по музичко образование и асистент на Универзитетот Окланд, професорка по музика и музички директор и диригент во Нов Зеланд. Има повеќе од 10 години искуство во наставата по музика во основно, средно, високо образование во Македонија и Нов Зеланд и има работено со деца од предучилишна возраст до студенти и возрасни. Настапувала како хорист, пијанист и диригент во многу европски земји и во Нов Зеланд и е еден од основачите на Македонскиот камерен хор во Окланд, заедно со нејзиниот сопруг Саше Ангеловски кој е исто така дел од музичкиот свет, односно, член на хорот во Новозеландската опера.

Ирена потекнува од Битола каде што завршила средно музичко училиште во отсекот музичар теоретичар, а тоа подоцна ја одвело во Скопје на студии на Факултетот за музичка уметност, каде што дипломирала на отсекот Музичка теорија и педагогија, а подоцна и магистрирала. По дипломирањето, се вработила во државното музичко училиште во Битола.  Ја запознавме онлајн, како дел од конференцијата „Јас сум жена“ која се одржа на 20 и 21 јули во МКЦ.






Се појави на екранот и раскажуваше за својата кариера и за животот таму некаде далеку, во Нов Зеланд, каде што во тоа време од скопската врела летна вечер, беше рано и свежо утро.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини