КРАЈ НА ЕДЕН ТЕЖОК ПРОЦЕС Петков се присети на безбројните пречки во преговорите со Македонија
Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Северна Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.
Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Северна Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави дописникот на МИА од Софија.
– Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки – напиша Петков.