ДАЛИ БИ ГО ПУШТИЛЕ ВАШЕТО МАЛОЛЕТНО ДЕТЕ САМО ВО АВИОН? Јас го пуштив и уште не ми е јасно како можев!!!

Деновиве, на ТикТок беше објавено видео во кое една мајка од Џорџија раскажува за семејната драма кога нејзината 12-годишна ќерка која патувала сама со авион извесен период не можела да биде лоцирана, иако по правило, ѝ следувала придружба која требало да ја предаде на нејзиниот татко кој ја чекал во Мајами.

681

Деновиве во странските медиуми се појави еден текст за мајка од американската држава Џорџија која ја испратила својата 12-годишна ќерка да патува сама со авион за да помине три недели со својот татко во Мајами. Иако платила дополнително за да има придружба, таа исчезнала. Се сетив дека го направив истото пред околу 20 години кога син ми имаше околу 7 години. За среќа, се беше во ред, а и релацијата беше кратка, но додека траеше летот, откако сестра ми го испрати на ародромот во Загреб, а јас и татко му го чекавме на скопскиот аеродром и двете се прашувавме како можевме да направиме такво нешто.

И уште не ми е јасно затоа што тоа беше за мене едно од најтрауматичните искуства. Да, доплативме за да има придружба и имаше придружба, ама тој час ипол беше најдолгиот час во мојот живот. Тој пак се дошета ноншалантно со документите во плико закачено околу вратот и рече дека едвај чекал да слетаат затоа што цело време до него седеле некој дедо и баба кои биле многу љубезни и се обидувале да го занимаваат за време на летот, но имале многу лош здив.






Ете толку. И не можам да замислам како би се чувствувала ако се случеше нешто слично на она за што пишува оваа жена. А тоа е најлошиот кошмар на секој родител – да добие телефонски повик дека детето му го нема.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини