КОЈ ЗАЧИН СО КОЕ ЈАДЕЊЕ ОДИ? Водич за совршено спојување на зачини и храна
Станете мајстор во кујна и погрижете се секој оброк да добие нова димензија со помош на зачините!
Зачините се задолжителен дел од секоја кујна. Освен што му даваат на јадењето побогат вкус и мирис, истовремено се и здрави и позитивно влијаат на нашиот организам. Но дали знаете кој зачин со кое јадење најдобро оди?
Босилек
Неговото име доаѓа од грчкиот збор basileus што значи крал бидејќи и старите Грци го сметале за крал на зачините.
Одлично оди со пиперки, патлиџани, компири, тиквички и модри патлиџани, но и со сирење, пилешко месо, риба и свинско. Извонреден е во маринадите и преливите за салати.
Можете да го користите заедно со лук во прав, рузмарин, мајчина душица, мајоран и оригано.
Ловоров лист
Горчливиот вкус на ловорот одлучно се сложува со компири, домати и печурки, а се користи и во варива од грав, леќа или пак варива со школки. Извонреден е во супи, варива и рижото. Добро оди заедно со оригано, жалфија, мајчина душица и мајоран.
Целиот текст ќе го најдете на порталот „Арт кујна“.